
Од досегашната контрола на станбените објекти во скопската општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради, објектот на градежната групација „Адора“ во оваа општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност.
Според податоците од мрежната страница на општината, биле извршени проверк на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови и досега на повикот сега се отповикале 330 влезови од згради.
Контролата направена од општинските инспекциски служби покажала фрапантен показател дека само една зграда е исправна, а станува збор за зградата на градежната компанија „Адора“. Инспекцијата утврдила дека во овој објект има 41 противпожарен апарат, а исто така во 18 станови имало вакви апарати. Објектот на „Адора“, исто така, е опремен со повеќе апарати со ЦО2 за гасење на пожар од електрична инсталација. Објектот поседува и специјален систем за гасење на пожар, панични светла и сѐ што е неопходно според прописите и стандардите.
Инаку во Општина Карпош според овие податоци има 820 згради и 1.500 влезови, а досега на повикот одговориле 330 и уште 250 побарале дополнителни инструкции. Се додава дека ва ноќни клуба на територијата на општината одбивале да соработуваат со инспекциските служби.