Во денови на жалост во Македонија, екс министерката за култура бара да оди на платено службено патување

Иако македонската делегација го откажа своето учествува на редовната априлска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, поради големата трагедија која за зафати земјава, откако во Кочани животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа  повредени, сепак Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура од СДСМ, единствена изразила желба, да оди на тоа службено патување во Стразбур.

Таа поднела барање, сепак да учествува на вториот дел од редовната сесија, што треба да се одржи од 6-11 април, во придружба на секретарот на делегацијата. Трошоците за билети, сместување, транспорт, дневница, осигурување се на сметка на Собранието.