Бобан Илиоски во Париз ќе ја брани светската титула на ВАКО Про во К1

????????????????????????????????????

Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски е пред уште еден голем предизвик во својата кариера и на 14 јуни во Париз ќе ја брани светската титула на ВАКО Про во К1 до 86 килограми.

Предизвикувач за шампионската титула на македонскиот кик-боксер ќе биде Кадри Мурсели од Франција.

Илиоски стана светски професионален првак мината година во Скопје кога славеше против Турчинот Берк Дузенли со 2-1.

Минатата година Илиоски се закити и со златниот медал на Европското првенство, кое се одржа во Грција, со што ја одбрани титулата освоена пред две години.