
Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на турнирот во хрватската Опатија и ќе игра во големото финале, откако денес го елиминираше Чехот Михаел Врбенски со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 6-3.
Нашиот Калин ја заврши работата за два часа и 47 минути, со што оствари голем успех и во финалето ќе се соочи со домашниот претставник и прв носител на турнирот, Лука Микрут.
Денешниот ривал на Ивановски беше дури 800 позиции подобро рангиран на АТП листата, а Микрут е во уште подобра позиција и во моментов е 360. тенисер во светот.