
Фудбалерите на Реал Мадрид со многу напори и пресврт го совладаа Леганес со 3:2 пред своите гледачи во 29. коло од шпанската Ла Лига. Откако ја презеде иницијативата во воведниот дел од натпреварот, Реал поведе со пеналот на Мбапе во 32. минута. Но, веднаш откако гостите тргнаа од центар, успеаја да израмнат со голот на Диего Гарсија. Шоковите за домашните навивачи не завршија тука, бидејќи веќе во 41. минута Дани Раба постигна нов гол за Леганес, кој на одморот замина со водство од 2:1.
Веднаш на почетокот на вториот дел, по значителна конфузија пред гостинскиот гол, Белингем погоди за 2-2 во 47. минута, додека во 76. минута Мбапе го постигна својот втор гол на натпреварот. Тој постигна гол од слободен удар за пресврт на натпреварот и израмнување на 3-2 за Реал. Леганес се закануваше до крајот, како и Реал на контранапади, но резултатот не се промени до крајот.
Реал сега се израмни бодовно со Барселона на врвот на табелата, има по 63 бодови, но Каталонците имаат натпревар помалку.
Фудбалерите на Рајо Ваљекано оваа сабота забележаа победа на гостински терен, победувајќи со 2:0 кај Алавес. Во втората минута Рајо Ваљекано поведе со голот на Сис, а домашните можеа да се вратат во 14. минута. Но, тогаш Жоан Жордан, шутирајќи од белата точка изведе „паненка“ и буквално му ја додаде топката на противничкиот голман. Подобриот Рајо го зголеми водството во 58. минута кога Педро Дијаз погоди за 2:0 и го потврди славјето на гостите.
Оваа победа го однесе Рајо Ваљекано на седмото место на табелата, додека Алавес остана на 17-та позиција.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид трет последователен првенствен натпревар не остварија победа, ремизирајќи 1:1 на гостувањето кај Еспањол. Атлетико поведе во 38. минута со голот на Сезар Аспиликуета, но домашните стигнаа до бод со гол од пенал. Во 71. минута Хави Пуадо погоди за конечните 1:1.
Пред ова реми, Атлетико имаше два порази во низа, од Хетафе и Барселона, што го попречи да го одржуа чекорот во силното темпо на водечкото дуо. Сега третопласираниот Атлетико сега заостанува шест бода зад Барселона и градскиот ривал Реал. Еспањол остана на 15-то место на табелата.
Фудбалерите на Реал Сосиедад рутински освоија три бода на домашен терен оваа сабота, совладувајќи го Ваљадолид со 2:1. Реал Сосиедад постигнуваше по еден гол во секое полувреме. Микел Ојарзабал погоди за 1:0 во 23. минута, додека Серхио Гомез за 2:0 во 68. минута. Во 93. минута Латаша погоди за гостите и ги подграе нивните мали надежи, а во преостанатото време Ваљадолид не успеа да постигне уште еден гол и да освои барем бод.
Ваљадолид и натаму е убедливо последен. Со натпревар помалку заостануваат девет бода зад претпоследниот Лас Палмас.
Неделните двојки за ова коло се Хетафе – Виљареал, Барселона – Жирона, Атлетик Билбао – Осасуна, Валенсија – Мајорка и Бетис – Севиља, додека се ќе се заокружи со натпреварот Селта – Лас Палмас во понеделник.