Москва се заканува со напуштање на енергетското примирје, Зеленски бара одговор од Западот на руските удари

Пратеникот на руската Државна дума од регионот на анектираниот црноморски полуостров Крим, и член на Комитетот за безбедност, Михаил Шеремет, во разговор за уската агенција РИА Новости во саботата изјави дека Русија би можела да се повлече од енергетското примирје доколку Украина продолжи да ги напаѓа енергетските објекти на руска територија.

„Режимот на Зеленски очигледно го прифати нашиот милосреден гест за слабост. Додека Русија строго се придржува до условите на договорите постигнати со САД за воздржување од напади врз украинските енергетски постројки, режимот на Киев продолжува со своите варварски напади, а најновите примери се обидите за напад на складиште за гас на Крим и нападот на гасната мерна станица во Суџа во регионот Курск“, изјави за агенцијата Шеремет.

Според него, украинските власти практично го погазиле таканаречениот енергетски прекин на огнот и демонстративно одбиваат да го почитуваат.

„Енергетското примирје сè уште може да се спаси ако Вашингтон го стави запаленото царче Зеленски на негово место. Русија нема да му го угодуа на нацистичкиот режим во Киев. Нема смисла еднострано да се почитуваат договорите. Зеленски по целиот свет зборува за мира, а веднаш потоа дава наредба за напад на руска територија“, рече пратеникот.

Пред помалку од две седмици рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со предлогот завојуваните страни да се воздржат од напади врз објекти на енергетската инфраструктура во период од 30 дена. Кремљ објави истиот ден дека Путин дал наредба на руските сили да ги запрат ударите врз енергетските капацитети во Украина, а подоцна и укранскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев, исто така, ќе го поддржи тоа.

Но веќе следниот ден на 19-ти март руското Министерство за одбрана ги потврди претходните извештаи на украинските воени блогери и западни медиумите, дека украинската војска со беспилотни летала покрај цивилни цели во населени места нападнала и складиште за нафта во Кубан. Во петокот Руското Министерство за одбрана извести и дека претпладнето украинската војска ја нападнала мерната станица за гас Суџа користејќи, според прелиминарните информации, ракети од американско производство HIMARS, што резултираше со голем пожар, а енергетскиот објект практично бил уништен. За овој напад, исто така, првично известија украинските блогови давајќи снимка од ракетирањето со коментар дека рускиот гас веќе никогаш нема да може да биде испорачуван преку овој правец како изминатите децении.

Подоцна портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова, изјави дека Москва има сознанија дека овој напад врз гасната станица во Суџа бил изведен благодарајќи на сателитски податоци кои ги овозможила Франција а ударот бил координиран од командата на војската на Велика Британија.

Москва ваквото однесување на Киев го оцени како уште еден доказ за неспособноста на Зеленски да се држи до договорите, како што беше случај и со мировните договори од Минск од 2014 и 2015 година, чие непочитување според Русија и доведе до нејзината инвазија во Украина во февруари 2022 гоина, со оправдување дека била неопходна да се спречи планот на Киев за етничко чистење на руското и рускојазичното населние мнозинско на југоистокот од Украина.

Од друга страна, Зеленски во саботата ноќта изјави дека Украина очекува „силен одговор’ од западните земји на „речиси секојдневните руски напади“ со беспилотни летала на нејзина територија.

Во рок од еден час по ноќното видео обраќање на Зеленски, официјалните лица во вториот по големина украински град Харков, кој инаку важи за доминантно проруски, пријавија напад на руски беспилотно летало во кој загинало едно лице, а биле повредени 14. Беспилотни летала го погодија југоисточниот град Дњепар во текот на ноќта, при што загинале етири лица и централниот град Кривој Рих (Криви Рог), каде што се повредени девет други лциа.

„Нашите партнери мора да разберат дека овие руски напади не се насочени само кон нашиот народ, туку и кон сите меѓународни напори, дипломатски напори насочени кон ставање крај на оваа војна“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Тврдеше дека во текот на ноќта над Украина биле лансирани 172 дронови, а украинската војска соопшти дека 94 од нив биле соборени.

„Русија го напаѓа секој кој сака да ја заврши војната. Невозможно е да се игнорираат стотиците Шахиди (беспилотни летала за кои Киев без докази тврди дека се од иранско производство) секоја вечер. Очекуваме одговор, сериозен одговор. Работиме на тоа да обезбедиме силен одговор, особено од Америка, Европа и сите оние во светот кои се потпираат на дипломатијата”, рече Зеленскио

САД објавија дека издејствувале два прекина на огнот во текот на изминатата седмица – еден осмислен да овозможи пловидба низ Црното Море, а другиот со цел да ги запре нападите врз енергетски цели. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура.