Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно информациите кои ги имаме, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.

Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари, додаде Петрушевски.