Вардар славеше во дербито во Битола

 Вардар попладнево го победи Пелистер со 3:1 во дербито на 25. коло на Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ до триумфот на тешкиот терен дојдоа со двата гола на Мато во последните 15 минути, откако на полувреме резултатот беше нерешен 1:1.

Другите средби од ова коло се играат в понеделник. Двојките се:

Гостивар – Воска Спорт
Работнички – Беса
Шкендија – Брера
Силекс – Тиквеш
Струга – Шкупи.

Табела: Шкендија 50 бода, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 21, АП Брера 21, Беса 21, Воска 19