ВИДЕО| Преглед НБА лига: Јокиќ продолжува да блеска и урива рекорди

Никола Јокиќ повторно покажа класа, предводејќи ги Денвер Нагетс до убедлива победа над Јута Џез од 129:93. Јокиќ за три четвртини од натпреварот оствари „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 14 скока, по што одмораше во последната четвртина.

Со оваа победа, Денвер се зацврсти во борбата за третото место на Западот, со две победи повеќе од Лејкерс и Мемфис, кои одиграа два меча помалку, додека остана една победа зад Хјустон, кој го држи второто место.

Јокиќ забележа 11 скока веќе во првата четвртина, приближувајќи се до неговиот просек од 12,8 скока по натпревар. Покрај него, значаен придонес во победата имаа и Мајкл Портер Џуниор со 20 поени и Кристијан Браун со 16. Нагетс мечот го одиграа без Џамал ​​Мареј, додека Јута беше без своите најдобри стрелци Лаури Марканен и Џон Колинс. Најдобри играчи на Џез беа Колин Секстон со 20 и Кајл Филиповски со 18 поени и 13 скока.

Јокиќ уште еднаш изведе одличен потег, погодувајќи шут од половина терен на звукот на сирената на крајот од првото полувреме, на одушевување на публиката.

Овој кош од половина терен на звукот на сирената му донесе вкупно 16.003 поени во кариерата. Така во моментов стана кошаркар во историјата на НБА со 739 натпревари кој најбрзо стасал до 16.000 поени, 8.000 скока и 5.000 асистенции. Претходниот рекордер беше Лери Бирд, кому му за ова остварување му беа потребни 799 натпревари.

Лос Анџелес Клиперс победија со убедливи 132:100 на гостувањето кај Бруклин Нетс, а хрватскиот центар на калифорнискиот тим Ивица Зубац имаше уште една одлична партија, забележувајќи го својот 50-ти „дабл-дабл“ оваа сезона. Зубац го заврши натпреварот со 21 поен и 12 скока за 25 минути игра, а имаше и 100 отсто од слободни фрлања (9/9). Кави Ленард го заврши дуелот заврши со 31 поен, вклучително и 19 во втората четвртина, додека Клиперс стасаа седмата победа во последните осум натпревари. Ленард, кој имаше и шест скока и четири украдени топки, постигна 25 поени во првото полувреме, додека Џејмс Харден имаше 17 поени и шест асистенции за Клиперс, кои шутираа 55 отсто од поле и ги надигра Нетси со 79:42 во втората и третата четвртина. Кион Џонсон го предводеше Бруклин со 13 поени, додека Камерон Џонсон додаде 11. Останатите тројца стартери на Бруклин – Зиер Вилијамс, Ник Клакстон и Д’Анџело Расел комбинираа 17.

Тим Хардавеј Џуниор постигна рекордни 32 поени во сезоната, а домашмите Детроит Пистонс ги поразика Кливленд Кавалирс со 133:122. Со оваа победа Пистонс по девет години обезбедија сезона со повеќе победи отколку порази. Последен пат Детроит (42-32) имаше победничка сезона во 2015/16 кога заврши со скор 44-38. Пистонс, исто така, ја прекинаа серијата од 12 порази против Кавалирс. Детроит го немаше победено Кливленд од 24 февруари 2022 година. Малик Бисли постигна 19 поени, а Озар Томпсон имаше 18 поени, 10 скока и четири блокади. Денис Шродер постигна 17 поени, 10 асистенции и седум скока. Донован Мичел ги предводеше Кавалирс со 38 поени. Дариус Гарланд имаше 21. Ол-старот на Пистонс, Кејд Канингем го пропушти третиот последователен натпревар поради контузија.

Њијорк Никс ги совладаа Милвоки Бакс со 116:107 на гости, предводени од ОЏеј. Ануноби, кој имаше 31 поен, а Микал Бриџис додаде 26. Карл-Ентони Таунс имаше 14 поени и 10 скока за Никс, кои победија на три од последните четири натпревари. Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 30 поени и девет скока, додека Кајл Кузма и Рајан Ролинс постигнаа по 20 поени. Милвоки го испушти третиот натпревар по ред.

Џулиус Рендл постигна 25 поени, шест скока и осум асистенции, а Минесота извлече победа против Феникс во Минеаполис. Руди Гоберт запиша 17 поени и 12 скока за Минесота, Ентони Едвардс заврши со 20 поени, а Џејден МекДаниелс со 16. Кевин Дурент постигна 23 поени и го предводеше Феникс со шест скока.

Стивен Кари го надмина бавниот старт во враќањето по повредата и постигна 23 поени, кога гостинот Голден Стејт го совлада Њу Орлеанс, за кого Карло Матковиќ имаше 10 поени, 3 скока и 2 асистенции за 21 минута игра. Кари, кој пропушти два натпревари поради повреда на карлицата, постигна само три поени во првата четвртина. Но Вориорс постепено ја презедоа контролата. Џими Батлер додаде 18 поени и 10 скока за Голден Стејт.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит Пистонс – Кливленд Кавалирс 133:122
Бруклин Нетс – ЛА Клиперс 100:132
Торонто Репторс – Шарлот Хорнетс 108:97
Милвоки Бакс – Њујорк Никс 107:116
Њу Орлеанс Пеликанс – Голден Стејт Вориорс 95:111
Денвер Нагетс – Јута Џез 129:93
Минесота Тимбервулфс – Феникс Санс 124:109