Вучиќ: Руската ФСБ ги истражува тврдењата за употреба на „звучен топ“ на белградскит протест

Инспекторите од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) пристигнаа во Белград на покана на српските власти за да ги потврдат тврдењата за употребата на т.н. звучен топ против учесниците на протестот на 15 март, беше соопштено во саботата.

Пристигнувањето на руските истражители го потврди српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со претставници на групата „Студенти 2.0“, кои го поддржуваат и кампуваат во паркот пред канцеларијата на шефот на државата и тврдат дека целта им е да учат и да се прекинат студентските блокади на повеќе од 60 факултети на сите четири државни универзитети, за кои тврдат дека се во организации кои ги изведуваат тк „обоени револуции“.

Учесниците на протестот на 15 март, свикан од таканаречениот Студентски пленум, ја обвинуваат полицијата дека наводно употребила „звучен топ“ или слична направа против насобраните додека со петнаесетминутен молк им оддаде почит на 15-те жртви на трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година. Неколку дена подоцна, бројот на жртвите се искачи на 16.

На бројни видеа објавени на социјалните мрежи по протестот се гледа како толпата одеднаш се раздвојува но нема паника и без реакции вообичаени кога се употребуваат звучни уреди за растерување демонстранти, и без очигледна причина се растера на улица во центарот на Белград. Властите категорично негираа употреба на каков и да звучен уред и првично тврдеа дека Србија не го поседува, но подоцна го потврди постоењето но на сосема поинаков но сличен уред, што подоцна се покажа дека е невистинито, што дополнително го зголеми притисокот на јавноста врз владата.

Откако многи западни експерти анализирајќи ги снимките од протестот изразија големо сомневање дека е користено звучно оружје, српската влада официјално ги покани истражителите од американското Федерално биро за истраги (FBI) и од руската ФСБ да ги утврдат фактите за наводната употреба на звучно оружје, а според денешната изјава на Вучиќ, руските стручњаци пристигнале во Белград во петокот и денеска почнале со работа. Вучиќ претходно седмицава во Брисел на средбата со челниците на Евопската унија предложи да бидат испратени во Белград и европски експерти кои би го истражиле тврдењето.

„Ќе остант тука неколку дена, мислам седум-осум, а потоа ќе го изнесе својот став за звучниот топ“, рече Вучиќ во разговор со студентска група негови поддржувачи. Вучиќ изјави дека „ќе се покаже со што се служи опозицијата и како ја доведува јавноста во заблуда“.

Во меѓувреме, бранот протести предводени од студентските пленуми и опозицијата продолжува ширум Србија, а централниот протест во саботата беше блокада на седиштето на Информер, чиј таблоид, портал и кабелска телевизија отворено го поддржуваат Вучиќ и ја осудуваат опозицијата и студентските пленуми како експоненти на западните сили и странските тајни служби, тврдејќи дека нивната цел е да се дојде до власта без избори имајќи ги предвид таквите барања од опозицијата која ја одби понудата за распишување предвремени избори или референдум за смена на Вучиќ.