Американците и Британците го разработиле ланскиот напад врз Кримскиот мост, според NYT

Украинскиот напад врз Кримскиот мост кој го поврзува анектираниот црноморски пполусотров со руското копно ноќта на 16 август 2024 година со ракетите со долг дострел ATACMS од американско производство, беа разработени и изведени со директно учество на американски и британски специјалисти, објави во неделата весникот The New York Times.

Според информациите на весникот, Кримскиот мост бил една од целите на операцијата за уништување на воената инфраструктура на полуостровот Крим, наречена „Lunar Hail“.

„Белата куќа ги овласти војската и Централната разузнавачка агенција (CIA) тајно да соработуваат со Украинците и Британците на планот за напад за уништување на мостот: ATACMS требало да ги ослабне ранливите точки на врвот на мостот, додека површинските поморски дронови ќе се детонираат во близина на неговите потпори“, се вели во написот.

Планот за напад на Кримскиот мост беше истовремено да се нападне со ракети ATACMS и површински дронови.

Се наведува дека во 2022 година, администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден го сметаше мостот и приодите кон Крим, присоединет на Русија по превратот во Киев во 2014 година што меѓународната заедница не го признава, како црвена линија и „суверена руска територија“, но подоцна ги ревидирала своите ставови.

Според The ​​New York Times, додека се планирала операцијата, одбраната на Кримскиот мост била зајакната, па властите во Киев предложиле напад врз мостот само со помош на ATACMS. Вашингтон се спротивстави, велејќи дека овие системи сами нема да се справат со задачата и, наводно, предложил да се откаже ударот на мостот или да се почека.

„На крајот Американците се повлекоа, а во средината на август (…) Украинците истрелаа салва ATACMS проектили кон мостот“, пишува весникот, без да ги прецизира точните датуми на нападот.

Според тогашните објави, ланскиот 16 август руските системи за противвоздушна одбрана одбиле групен напад на украинските вооружени сили со дванаесет оперативно-тактички проектили ATACMS од американско производство на Кримскиот мост; сите проектили беа уништени. Покрај тоа, војската уништила вкупно десет поморски дронови на украинската морнарица, кои истиот ден биле лансирани кон пристаништата на полуостровот.