Претставена новата преодна влада на Сирија

Сирискиот исламистички претседател Ахмед ал-Шара во саботата ја претстави новата преодна влада, што според Reuters претставува клучен чекор во транзицијата од долгогодишното владеење секуларно владеење на семејството на Асад во Сирија.

Новите власти во Сирија, предводени од сунитските исламисти кои изминатата деценија беа сојузници со џихадистичките тероистички организации Исламска држава и Ал Каеда, беа под притисок на Западот и арапските сунитски монархии да формираат влада која подобро ќе ја одразува етничката и религиозната различност во земјата, што би требало да го запре погромот на алавитската (шиитска) и христијанската заедница и би довело до фрагментација на земјата на провинциите во кои овие малцинства се мнозинство.

Овој притисок дополнително се зголеми по убиствата на стотици алавити, заедницата од која доаѓа соборениот претседател Башар ал-Асад. Покрај тоа беше извршен и притисок и врз сириските Курди, кои војуваа против џихадистичката групација Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), предовена од сегашниот претседате ал-Шара, да склучат мир.

Мухамед Јоср Бернија беше назначен за министер за финансии, додека Хинд Кабават, христијанин, ја презеде функцијата министер за социјални работи и труд. Владата го задржа Мурхаф Абу Касра како министер за одбрана и Асад ал-Шибани како министер за надворешни работи, кој исто така ги имаше овие улоги во претходната привремена влада формирана по соборувањето на Асад во декември.

Ал-Шара беше назначен за привремен претседател во јануари и вети дека ќе формира инклузивна преодна влада која ќе работи на обнова на уништените јавни институции во Сирија и ќе управува со земјата до изборите, за кои рече дека може да потрае и до пет години.

Новата влада нема да има премиер, а се очекува ал-Шара да преземе водечка улога во извршната власт. Претходно овој месец, Сирија усвои уставна декларација што ќе послужи како основа за преодниот период под водство на ал-Шара. Декларацијата ја задржува централната улога на исламското шеријатско законодавство, но деклаативно ги гарантира правата на жените и слободата на изразување.