
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата рече дека не ги предупредил директорите од автомобилската индустрија да не ги зголемуваат цените поради стапувањето на сила на царините за автомобилите од странско производство, велејќи за телевизиската мрежа NBC News дека „не е е загрижен“ доколку тие и го сторат тоа.
Белата куќа се подготвува да воведе нови царини за голем број стоки за широка потрошувачка на 2-ри април, потег што наиде на критики од странските челници и загриженост за потенцијалните зголемувања на цените за потрошувачите.
Во интервју за NBC News, Трамп рече дека неговите постојани царини за автомобили од странство ќе бидат поттик за фабриките со седиште во САД и е убеден дека потегот ќе доведе до зголемена продажба на автомобили од американско производство.
„Се надевам дека ќе ги зголемат цените, бидејќи ако го направат тоа, луѓето ќе купуваат автомобили од американско производство“, рече Трамп.
Трамп тврдеше дека ќе ги разгледа преговорите за царини само „доколу луѓето се подготвени да ни дадат нешто од голема вредност“, мислејќи на странските партнери.
Царините се дел од напорите на Трамп да го промовира американското производство и да го намали трговскиот дефицит на земјата. Трговската политика на Трамп беше клучен фокус и на неговото прво претседателствување, со постојани тензии со главните трговски партнери.