Додик од Москва вели ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој престојува во Москва, денеска ги негираше информациите на федералните медиуми дека побарал државјанство на Руската Федерација.

„Ниту поднесов барање за државјанство на Руската Федерација, ниту го добив“, изјави Додик за Спутник Србија.

Додик ја демантираше лажната вест од сараевскиот портал Фактор, кој претходно денеска, повикувајќи се на Спутник Србија, објави дека претседателот на Република Српска добил руско државјанство.

Додик во понеделникот на 31 март објави видео на платформата Х со порака дека моментално е во Москва, а на 9 мај дека повторно ќе дојде.