
Teлохранителот на веројатно најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, Јасин Чеуко, доби забрана да стои на самата линија на теренот за време на натпреварите, одлучи Major League Soccer (MLS), лигата во која настапува Интер Мајами, сегашниот клуб на Аргентинецот.
Чеуко ѝ стана познат на пошироката јавност откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како ја набљудува публиката од непосредна близина за да спречи навивачите да втрчаат на теренот кои би сакале да го гушнат осумкратниот освојувач на Златната топка.
МЛС одлучи нивните безбедносни служби да бидат задолжени за одржување на редот за време на натпреварите, додека на Чеуко ќе му биде дозволен влез само во соблекувалните и зоните за тм микс-зони.
„Работев во Европа седум години за натпреварите во француската Лига 1 и Лигата на шампионите и за тоа време само шест луѓе го упаднаа на теренот. Откако дојдов во САД, за само 20 месеци тоа се случи 16 пати. Тоа е голем проблем, дозволете ми да му помогнам на Меси”, се пожали Чеуко кој е поранешен припадник на елитните морн арички специјлни сили SEAL.
⚡️ Atentos a la TREMENDA VELOCIDAD de Yassine Cheuko, el guardaespaldas de Messi en Inter Miami. pic.twitter.com/gPjmcu4xBU
— El Gráfico (@elgraficoweb) October 9, 2024