Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина

Половина од американскиот Сенат, 25 републиканци и 25 демократи, во вторникот ги здружија силите за да предложат санкции кои ќе ѝ бидат наметнати на Русија доколку таа одбие да се вклучи во добра волја во мировни преговори со Украина.

Главните спонзори на законот, републиканскиот сенатор познат по антируските ставови Линдзи Греам и демократскиот сенатор Ричард Блументал, рекоа дека ќе воведат „примарни и секундарни санкции против Русија и субјектите кои ја поддржуваат руската агресија во Украина, доколку Москва не учествува во преговорите или ако повторно се обиде да го поткопа суверенитетот на Украина по каков и да е мировен договор“.

Овој предлог-закон е редок пример за двопартизам во остро поделениот американски Конгрес и доаѓа во момент кога претседателот Доналд Трамп се чини е сè понетрпелив поради сомневањата во руско одложувања на поширокиот договор за ставање крај на војната.

Тој доаѓа веднашт откако Мосва на американскиот Стејт департмент му ги предаде доказите за секој поединечен удар врз енергетската инфрастуркутира на руска територија посочувајчи дека Киев не се придржува до договорот со САД за меѓусебно ненапаѓање на стратешката енергетска инфраструктура во двете земји.

„Санкциите против Русија бараат царини за земјите кои купуваат руска нафта, гас, ураниум и други производи. Тие силно ги погодуваат со причина“, изјавија двајцата сенатори без да наведат дека тоа ќе важи и за американските компани кои се изземени од санкциите и имаат лиценци за увоз на руски суровини.

Додека многу членови на Конгресот од двете партии силно ја поддржуваа Украина во војната, сè поголем број најблиски сојузници на Трамп станаа поладни откако неговата партија ја презеде контролата врз Претставничкиот дом пред две години, а потоа и Белата куќа и Сенатот во јануари.

Од почетокот на неговиот втор мандат, Трамп зазеде попомирувачки став кон Русија во обид да посредува за завршување на конфликтот во Украина, што ги вознемири европските сојузници на Вашингтон.

Во Претставничкиот дом, исто така, се предлага и придружнички закон, исто така со поддршка и од републиканците и од демократите. Поддржувачите на законот велат дека тој ќе помине со силна поддршка во двата дома ако републиканските конгресни лидери дозволат гласање. Не е јасно кога би можело да се одржи гласањето.

„Доминантниот став во Сенатот на САД е дека Русија е агресорот и дека агресијата на Путин мора да заврши сега и да биде спречена во иднина“, изјавија двајцата сенатори.