BMW и VW значително ја зголемија продажбата во САД во првиот квартал

Германските автомобилски концерни BMW и „Volkswagen“ објавија дека значително ја зголемиле продажбата на американскиот пазар во првиот квартал, укажувајќи на големите улоги во трговските тензии во трансатлантските односи.

Американската филијала на „Volkswagen“ објави дека продала 87.915 возила во првиот квартал, што е за 7,1 отсто повеќе од истиот период минатата година. Продажбата на теренци е зголемена за 3,9 отсто, на 67.455 возила. Продажбата на патнички автомобили, пак, скокнала за 19 отсто, поддржана од скокот на испораките на моделот „Jetta Sdn“ од 36,5 отсто, покажа извештајот објавен во вторникот.

Подружницата на VW – „Audi“ забележала пад на продажбата за три отсто, со остро закрепнување кон крајот на кварталот, при што бројот на испорачани автомобили во март се зголемил за осум отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Иствоременно BMW објави дека продале 43.619 автомобили под матичната марка на американскиот пазар од јануари до март, што е за 12,7 отсто повеќе отколку во првиот квартал од минатата година. Кога се вклучени лесните комерцијални возила под брендот BMW, продажбата се зголеми за 3,7 проценти, на 87.615 возила. Продажбата на електрични возила на батерии скокна за 26,4 отсто, со испорачани 13.538 возила, покажуваат податоците.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе дополнителни царини од 25 отсто за увоз на автомобили од ЕУ, кои треба да стапат на сила веднаш по неговиот вечерашен говор. Во моментов, САД наплаќаат царина од 2,5 отсто за увоз на автомобили од ЕУ. Царините за пикапи и тешки возила изнесуваат 25 отсто.

САД беа главниот извозен пазар за автомобили од ЕУ минатата година, со испораки во вредност од 38,9 милијарди евра, објави во вторникот европската канцеларија за статистика. Вредноста на увозот на американски автомобили во ЕУ изнесувала само 8,4 милијарди евра, пресметале статистичарите. Така, ЕУ забележала суфицит во трговијата со автомобили од 89,3 милијарди евра во 2024 година, покажа извештајот.