Две лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Две лица се повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар, меѓу селата Колари и Тајмиште.

На 01.04.2025 во 15.06 часот во ОВР Кичево, било пријавено дека на магистралниот пат А2, Кичево-Гостивар, меѓу селата Колари и Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(33) од Кичево и товарно возило „фолксваген крафтер“ со српски национални ознаки, управувано од В.Т.(32) од Република Србија.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „голф“ Ш.Ш.(54), додека со телесни повреди сопатникот од истото возило И.Ш.(58), двајцата од село Колари, кичевско, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.