
Миланските фудбалски великани Милан и Интер ремизираа 1:1 во првото полуфинале од Купот на Италија.
По првото полувреме без голови, Милан поведе уште на стартот на вториот дел. Абрахам одлично го заврте својот чувар во 47. минута и погоди во спротивниот агол за 1:0. Потоа следеа нападите на Интер, кои беа крунисани дваесетина минути подоцна. Хакан Чалханоглу од 20 метри упати топовски приземен удар за 1:1.
До крајот на натпреварот и двете екипи имаа неколку одлични можности да постигнат втор гол и да осварат предност, но останаа неискористени. Интер беше нешто подобар, но голманот на Милан, Маињан беше инспираран оваа вечер.
Реваншот на кој Интер номинално ќе биде домаќин ќе се одигра на 23 април.
Во вторникот, Болоња дојде до голема предност во второто полуфинале, откако во првиот натпревар го совлада Емполи на гости со 3:0.