Куп на кралот: Реал во финалето по голем пресврт и продолженија

Фудбалерите на Реал Мадрид се првите финалисти на шпанскиот Куп на кралот откако во реванш натпреварот одиграа 4:4 против Реал Сосиедад и така ја сочуваа предноста од еден гол од првиот натпревар.

Откако Реал славеше на гости во првиот натпревар, реваншот на неговиот стадион „Сантијаго Бернабеу“ дури по продолженијата заврши со 4:4, па „Кралскиот клуб“ по 41 пат избори финале во националниот куп. Во досегашните 40 финалиња славеше 20 пати. Повеќе титули од него во Копа дел реи имаат само Барселона – 31 и Атлетико Билбао – 24.

Синоќешниот натпревар беше еден од најубавите одигран на „Сантијаго Бернабеу“ сезонава. Гостите поведоа, имаа и водство од 3:1, Реал израмни, за баскискиот тим во судиското надополнување да поведе со 4:“, израмнувајќи така на вкупни 4:4, па средбата отиде во продолженијата. Во дополнителните 30 минути беше постигнат еден гол, за големо славење на домашните навивачи кои стравуваа од елиминација.

Реал во првите 15 минути имаше две убави шанси, но Ендрик и Џуд Белингам беа непрецизни. Гостите поведоа во 16. Минута со голот на Андер Бранечеа анулирајќи го резултатот од првиот меч. Израмни Ендрик во 30. минута, што беше резултат на полувремето.

Баскискиот тим во 72. минута стаса до нова предност со автоголот на Давид Алаба. Шутираше Пабло Марин, но Австриецот ја скршна топката во сопствената мрежа. Во 80 минута Алаба и по вторпат ја сврти типката во својот гол. Овојпат шутираше Микел Ојарзабал, а несреќниот Алаба придонесе за водство на гостите од 3:1.

Во тој момент гостите имаа резултат кој ги водеше во финалето, но ја испуштија големата предност за само шест минути. Први Џуд Белингам на асистенција од Винисиус Жуниор намали на 2:3, за Орелиен Тшуамени во 86 минута да погоди за 3:3. Сосиедад не се предаваше и нивниот труд даде резултат во третата минута од судиското продолжение кога Ојарзабал погоди за водство од 4:3 и одење во продолженијата од двапати по 15 минути.

Во дополнителните половина час игра не беа создаден многу шанси, а решавачкиот момент се случи во 115 минута кога Антонио Рудигер со глава погоди за 4:4, по нафрлување од корнер.

Во второто полуфинале во средата ќе се соочат Атлетико Мадрид и Барселона, откако првиот натпревар заврши без победник со резултат 4:4.