
Водството на НБА лигата отвори нова истрага против ѕвездата на Мемфис Гризлис, Џа Морант, поради наводно имитирање пукање од пиштол, објави ESPN.
На самиот крај од натпреварот против Голден Стејт Вориорс, Морант мавташе со рацете кон противничката клупа, а тоа изгледаше како да имитира пукање од пиштол.
Морант веќе двапати беше суспендиран од НБА поради мавтање со огнено оружје на социјалните мрежи.
Првиот инцидент се случи во март 2023 година кога тој мавташе со огнено оружје во видео во живо на Instagram во ноќен клуб во Денвер, поради што беше суспендиран на осум натпревари.
Поради друг ист инцидент во мај истата година, беше суспендиран на 25 натпревари.