
Кошаркарите на Жалгирис го победија белградски Партизан со 70:66 во Каунас и со тоа ги оставија избраниците на Жељко Обрадовиќ без шанси за пласман во плеј-ин, иако самите немаа шанси за пласман меѓу екипите кои ќе продолжат да се натпреваруваат во Евролигата по регуларниот дел од сезоната.
За да оди во плеј-ин, Партизан требаше да слави во Каунос, како и во следното натпревар дома. Но домаќинот иако одигра опуштено без резултатски императив, не се предаде и не им дозволи на белграѓани лесно да ја контролираат играта, за што најдобро говорат дури 12-те промени на водството.
Партизан лошо го отвори натпреварот во „Жалгирио Арена“, по три минути домашните имаа предност од 8:3, Бирутис одигра добро и постигна шест од осумте поени на домаќинот, додека на Партизан му недостигаше напаѓачка игра. Во продолжение домаќинот одржуваше минимална предност, а Партизан беше казнуван секогаш кога Ифе Лундберг промашуваше отворени шутеви. Сепак, по 10 минути Жалгирис имаше само три поена предност 24:21.
Во продолжението следеше серијата на Партизан од 15:2. Карлик Џонс одигра одлично во вториот период, а го следеше Брендон Дејвис. Џонс постигна 16 поени со две асистенции, а Дејвис седум поени со пет скока во првите две четвртини.
Повторно во третата делница Партизан лошо стартуваше, Жалгирис направи серија од 8:0 и поведе, кон крајот Партизан повторно поведе со четирите врзани поени на Покушевски, но пред решавачките 10 минути никој немаше педност 49:49. Во четвртата четвртина неизвесно беше до последната секунда, домашната екипа на крајот победи со 70:66.
Кај победниците Французинот Силвен Франциско постигна 15 поени, а Ален Смаилагиќ 14 поени. Карлик Џонс беше најдобар стрелец на Партизан со 23 коша.
Жалгирис е на 13-та позиција со скор 15-18, а Партизан е 12-ти со скор 16-17. Десеттопласираниот Париз има две победи повеќе од Партизан, па белградскиот тим ни математички не може да избори пласман во баражот за четвртфиналето.
Кошаркарите на Панатинаикос од Атина, кои ја бранат титулата европски првак, победија со 88:76 на гостувањето кај Монако и го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри екипи на крајот од лигата, што ќе им донесе предност на домашниот терен во четвртфиналето. Кендрик Нан беше прво име на дуелот со 37 поени, а Даниел Теис беше најдобар играч на Монако со 18 поени и седум скока.
Панатинаикос пред последното коло е на третото место со учинок 21-12, а пред нив се само Олимпијакос (22-10) и Фенербахче (22-11). Монако е на четвртото место со 20-13.
Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња постигна 26 поени и беше најдобар играч на Реал во победата на домашен терен против Париз од 105:104, со што мадриѓаните ги зголемија шансите главниот дел од сезоната да го заврши меѓу шесте најдобри екипи кои директно ќе се пласираат во четвртфиналето на Евролигата.
Хезоња освен што беше најдобар стрелец на натпреварот, погодувајќи ги сите удари за два (4/4) и од слободни (2/2) а шутираше 5/9 за тројки, кога парижаните со серија од 8:0 на крајот од натпреварот дојдоа на само два разлика (98:96), успеа да постигне кош од влез под контакт со противнички играч на 38 секунди до крајот и со дополнително погодено слободно фрлање му донесе на Реал +5 (101:96). Тимот од Мадрид успеа да ја одбрани таа предност и да ја оствари петтата последователна победа и учинок од 19-14 со што се искачи на шестото место.
Џанан Муса во оваа победа постигна 20 поени, а Валтер Таварес заврши со 15 поени и девет скока. Парижаните ги предводеше повременито македонски репрезентативец ТиЏеј Шортс со 24 поени и 10 асистенции, а Надир Хифи постигна 23 поени.
Макаби во Белград го совлада Баерн со 93:90 и со тоа им помогна на останатите екипи да се борат за петтото и шестото место и директен пласман во четвртфиналето од плеј-офот. Џими Кларк III. беше најдобар стрелец на Макаби со 20 поени, а 33-те поени на Карсен Едвардс не беа доволни за победа на Баерн.
Евролига – 33. коло
одиграно во среда:
Фенербахче – Барселона 75:83
четврток:
Монако – Панатианикос 76:88
Жалгирис – Партизан 70:66
Макаби Тел Авив – Баерн 93:90
Реал Мадрид – Париз 105:101
петок:
Алба Берлин – Олимпијакос (20.00 ч.)
Црвена звезда – Анадолу Ефес (20:00 часот)
Басконија – Асвел (20.30 ч.)
Виртус Болоња – ЕА7 Армани Милано (20.30 ч.)
ТАБЕЛА
1. Олимпијакос 32 22 10
2. Фенербахче 33 22 11
3. Панатинаикос 33 21 12
4. Монако 33 20 13
5. Баерн 33 19 14
6. Реал Мадрид 33 19 14
7. Барселона 33 19 14
8. Анадолу Ефес 32 18 14
9. Црвена звезда 32 18 14
10. Париз 33 18 15
11. ЕА7 Армани Милано 32 16 16
12. Партизан 33 16 17
13. Жалгирис 33 15 18
14. Басконија 32 13 19
15. Асвел 32 13 19
16. Макаби Тел Авив 33 11 22
17. Виртус Болоња 32 8 24
18. Алба Берлин 32 5 27