Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд

Во четврток во Македонија ќе преовлдува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат во оспегот од 2 до 9, а највисоките дневни соодветно ќе бидат од 8 до 20 Целзиусови стпени.

Во Скопје и околината денеска исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температуата ќе достигне до 18 степени.