Ралповски најави околу 4500 денари зголемување ќе добијат просветните работници, според Трендафилов минималната плата е на ниско ниво

Во синоќешната емисија „Бизнис 21“ на ТВ 21, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски, објави дека просветните работници ќе добијат зголемување на платите од 7%

„Околу 4000-4500 денари зголемување ќе добијат просветните работници“, изјави Ралповски, нагласувајќи дека ова покачување е резултат на долгогодишните напори за подобрување на условите за наставниците и останатиот образовен кадар“.

Од друга страна, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов истакна дека минималната плата во Македонија е на исклучително ниско ниво, а според последните податоци, таа „го пробушила дното“. Според него, стратегијата на Владата не смее да биде одржување на работниците во сиромаштија, со што индиректно се обезбедуваат политички поени.

Тој додаде дека пратениците сега признаваат дека и минимална плата од 500 евра е недоволна за пристоен живот, што го сфатиле по неговиот предлог именуваните функционери да живеат со минимална плата во наредниот период.