
Унгарија во четвртокот го објави своето повлекување од Меѓународниот кривичен суд (МКС), на првиот ден од посетата на Будимпешта на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, против кого овој суд издаде налог за апсење.
„Унгарија го напушта МКС. Владата ќе иницира постапка за повлекување, во согласност со меѓународната правна рамка“, објави на Facebook Gергели Гуљас, шеф на кабинетот на премиерoт Виктор Обран.
Будимпешта неколкупати ја критикуваше институцијата, сметајќи ја за „политички пристрасна“, и конечно реши да го следи примерот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во февруари воведе санкции на судот за, како што рече, „нелегитимните и неосновани дејствија против Америка и нејзиниот близок сојузник Израел“.
Од МКС не сакале да коментираат.
Повлекувањето на државата од МКС стапува на сила една година по официјалното доставување на документите до Секретаријатот на Обединетите нации
Во ноември 2024 година, МКС издаде налог за апсење против Нетанјаху за злосторства извршени во конфликтот во Појасот Газа. Унгарија веднаш го осуди, велејќи дека е „шокирана од оваа срамна одлука“. Израел ја поздрави „моралната јасност“ на Унгарија како одговор.
Во 1999 година, Унгарија го потпиша Римскиот статут, основачкиот договор на МКС, и го ратификуваше две години подоцна, за време на првиот мандат на Орбан. Но, не ја ратификуваше придружната конвенција од причини на уставност и тврди дека не е должен да ги почитува одлуките на Судот.