Челзи го победи Тотенхем во лондонското дерби

Челзи го победи Тотенхем со минимални 1:0 на својот „Стемфорд Бриџ“ во последниот натпревар од 30. коло на англиската Премиер лига.

Победничкиот гол го постигна домашниот капитен Енцо Фернандез со глава во 50. минута, по одличното додавање на Кол Палмер.

Челзи на тој начин ја постигна 15-та првенствена победа и со 52 бода остана на четвртото место, бод повеќе од Манчестер Сити и два повеќе од Њукасл Јунајтед кој има натпревар помалку.

Тотенхем е на 14-то место со 34 бодови, но бодовно далеку од опасната зона.

Лидерот Ливерпул има 73 бода, 12 повеќе од второпласираниот Арсенал.