
Неколку стотици луѓе протестираа во саботата во европски градови против американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот советник технолошкиот милијардер Илон Маск, по бурната седмица на финансиските пазари откако беа претставени новите реципрочни американски царини за речиси сите земји во светот.
Во германски Франкфурт, групата Демократи во странство, официјална организација на Демократската партија за американските државјани кои живеат во странство, организираше протест под мотото „Рацете подалеку!“.
Во исто така милионската германска престолнина Берлин, само неколку десетици демонстранти држеа транспарент со кој се повикуваат Американците кои живеат во Германија да протестираат за да го „стават крај на хаосот“ дома.
На собирот на Опернпланц во Франкфурт, членовите на групата Демократи во странство бараа оставка од американскиот претседател, инаку непознат и неуставен институт во историјата на САД, на кои пишуваше „Обновете ја демократијата“, „Рацете подалеку од нашите лични податоци“ и „Светот е изморен од твоите глупости Доналд, заминувај веќе!“.
Меѓутоа, собирањето на личните податоците од корисниците на интернет експлодираше и е започнато во мандатот на демократот Барак Обама, кога беше откриено дека американското разузнавање ги прислушувало и комуникациите на сојузниците, како што беше случајот со тогашната германска канцеларка Ангела Меркел. Покрај, тоа, минатата година беа обелоденети договорите на администрацијата на претходникот на Трамп, демократот Џо Бајден, со челниците на социјалните мрежи за контрола и цензура на објавите на корисниците на интернет.
Во Берлин, можеа да се видат испишани транспаренти упатени на Масл- „Замоли Илон, никој не гласаше за тебе“. Тоа е уште една замена на тезите, бидејќи се гласа за претседател а не за членови на неговата администрација а Трамп уште во кампањата навести дека милијардерот ќе има значајна позиција во неговата влада.
Демонстрантите во Берлин, инаку главно поборници и активисти на разни слободи и права изнесоа и куче на протестите на кое ставија транспарент „Кучињата против DOGE“, алуирајќи на владината агенција за ефикасност која ја води Маск како советник, со која се остварува ветувањето на претседателот Трамп за кастрење на сојузните агеции и министерства кои се однесувале расипнички и без никакви резултати, во кои сега се откриени големи измами, корупција, проневери на средства. Тоа доведе до затворења на некои агенции, како USAID преку кој со парите на американските државни обврзници биле финансирани активисти кои остваруваат влијание во странски држави но во полза на неолибертаријанските политики.
Во Париз на Плоштадот на Републиката се собраа само 200 луѓе, главно Американци за да протестираат против Трамп. Некои држеа говори во кои се „откажуваа“ од претседателот, мавтајќи со транспарент „Пружете му отпор на тиранинот“, „Владеење на правот“, „Феминистки за слобода, не за фашизам“ и „Спасете ја демократијата“. Едно лице ја исполнуваше песната „Masters of War“ на Боб Дилан, иако е факт дека за разлика од владите на американските демократи, Трамп не започна ниедна војна во својот мандат и водеше кампања за повлекување на американските војници и завршување на војните.
И во Лондон само неколку стотини луѓе се собраа околу плоштадот Трафалгар држејќи написи „Горд Американец посрамотен“ и WTAFF America?“. Собраните скандираа „Рацете подалеку од Канада“, „Рацете подалеку од Гранланд“ и „Рацете подалеку од Украина“, додека слушаа говори во кои се критикува Трамп.