
Суверенистичката десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) се изедначи прв патво анкетите на јавното мислење со водечката демохристјанска Унија, објави во саботата весникот Bild.
Според истражувањето спроведено од институтот Insa за Bild, доколку парламентарните избори се одржат во недела, и сојузот на Христијанско-демокртаската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјалната унија (CSU), и Алтернатива за Германија (AfD) би освоиле по 24 отсто од гласовите, пишува еден од водечките германски весници.
Унијата, чиј лидер е веројатно идниот канцелар Фридрих Мерц веќе неколку седмици губи на популарноста меѓу избрчите, а во исто време расте и AfD.
На предвремените парламентарни избори пред шест седмици, CDU/CSU освои 28,6 отсто, пред AfD со 20,8 отсто.
Според анкетите кои ги објави Bild, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), со која Унијата во моментов води коалициски преговори, би освоила 16 отсто, што е речиси иста вредност како и на изборите.
Унијат CDU/CSU ја губи поддршката и во другите испитувања на јавното мислење. Ова аналитичарите првенствено го поврзуваат со плановите на идната влада, која најави силно ново задолжување за потребата од обнова на одбраната и германската инфраструктура.
За таа цел, на иницијатива на Унијата и SPD, требаше да се промени Уставот, нешто што Унијата и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц цврсто го отфрлаа пред изборите.
Во истражувањето на јавното мислење на јавниот сервис ARD, 73 отсто од испитаниците негодуваат поради олеснувањето на политиката на задолжување на Мерц. Но, во исто време, мнозинството од испитаниците одобруваат задолжување во износ од речиси една милијарда евра.
Според партиските претставници, CDU/CSU и SPD во саботата влегле во последната фаза од коалициските преговори. По изборната победа, Мерц вети дека ќе формира нова влада до Велигден (20 април).