Николоски на средба со Чавушоглу: Мој и на Македонија голем пријател

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски оствари средба со Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи. Најавена е соработка особено во делот на економијата и новите инвестиции.

„ПРИЈАТЕЛСКА СО МЕВЛУТ, МОЈ И НА МАКЕДОНИЈА ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ
Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије.
Разговаравме за долгогодишната соработка помеѓу двете држави како и за можностите за засилена соработка во делот на економијата и потенцијални нови инвестиции.
Соработката и пријателството помеѓу двете држави и во иднина ќе ги зајакнуваме и продлабочуваме“, напиша Николоски на Фејсбук.