Трамп објави видео од американскиот напад во Јемен

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели снимка од, како што тврди, напад врз Хутите во Јемен.

Видеото снимено со дрон, прикажува десетици луѓе како стојат на терен.

„Овие Хути се собраа за инструкции за напад. Упс, нема да има напад од овие Хути!“ напиша претседателот. „Никогаш повеќе нема да ги потонат нашите бродови!

Некои под објавата напишаа дека луѓето на видеото можеби се цивили кои учествувале на племенски собир.

Хутите контролираат голем дел од Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана. Вооружената група ги напаѓа трговските бродови во теснецот Баб-ел-Мандеб во близина на Црвеното Море и истрелува балистички ракети кон Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

САД ги засилија нападите во Јемен минатиот месец, бидејќи Трамп вети дека ќе ја врати безбедноста на навигацијата во виталното поморско подрачје.

Јахја Сари, портпаролот на војската Хути, во петокот повтори дека групата „нема да ги напушти своите верски, морални и хуманитарни должности кон угнетениот палестински народ, без оглед на последиците“.