Хамас истрела ракети врз израелските градови

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градови во јужен Израел како одговор на израелските масакри врз цивили во Газа.

Израелската војска соопшти дека биле истрелани околу десет ракети, но дека повеќето биле успешно пресретнати. Израелскиот Kanal 12 објави за директен удар во јужниот град Ашкелон.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека згрижиле едно лице поради повредите предизвикани од шрапнели и дека тимови ги истражуваат локациите на паднатите ракети. На видеата од израелските служби за итни случаи се гледаат автомобили со скршени стакла и остатоци на улиците.

Првата фаза од примирјето меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19-ти јануари по 15 месеци војна. Воените дејствија беа прекинати, некои израелски заложници беа ослободени, додека Израел ослободи и неколку палестински затвореници.

Меѓутоа, на 19-ти март израелските сили продолжија со копнените операции во централниот и јужниот дел на Газа.