НБА: ЛА Лејкерс ја победи Оклахома Сити во дербито на Западот, Јокиќ не може сам да го влече Денвер

Во ноќешното дерби во НБА лигата, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги надиграа Оклахома Сити Тендер, најдобриот тим во Западната конференција и победија со 126:99.

Со одличен шут за „тројки“ гостите од Лос Анџелес до одморот дојдоа до голема предност од 22 поени, 78:56, додека во останатиот дел од мечот, тимот предводен од Дончиќ и Џејмс ја задржа предноста и со тоа остана во лов на второто место на Западот.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 30 поени, а придодаде и шест асистенции и седум скока. Остин Ривс постигна 20, а Леброн Џејмс постигна 19 поени со седум асистенции. Во поразениот тим единствена квалитетна противтежа беше Шаи Гилџеус-Александер, која постигна 26 поени и имаше девет асистенции.

Њу Орлеанс Пеликанс на домашен терен беа поразени од Милвоки Бакс со 107:111. Милвоки славеше и покрај тоа што играше без својот најдобар играч Јанис Адетокумб, како и без претходно неподготвениот Демијан Лилард. Гостите овојпат ги предводеше Гери Трент Џуниор со 29 поени, додека Брук Лопез и Кевин Портер Џуниор постигнаа по 20 поени. Лопез додаде и 12 скока.

И покрај новото одлично издание на Никола Јокиќ, неговиот тим Денвер Нагетс пред своите навивачи загуби од Индијана Пејсер со 120:125. Јокиќ го заврши натпреварот со уште еден „трип-дабл“ учинок, но неговите 41 поен, 13 асистенции и 15 скока не беа доволни за победа. Покрај него за Денвер 30 поени постигна Кристијан Браун. Но во клучните моменти од натпреварот потфрли „супероружјето“ на трикратниот МВП на НБА лигата. При резултат 122:120 за Индијана на околу 45 секунди до крајот, Денвер имаше напад, Јокиќ чекаше да се отвори Кристијан Браун за да го проигра, Браун не го сфати тоа, па Јокиќ се обиде да се извлече од тешката ситуација со ризично наназад додавање до Расел Вестбрук. Додавањето на Србинот беше пресилно, заврши на половината на Нагетс и означи загубен посед. Подоцна при резултат 124:120 Јокиќ и промаши шут за „тројка“.

Воедначениот тим на Индијана на крајот се покажа како подобар, предводен од Мајлс Тарнер со 24 поени, Оби Топин со 22 и Ендрју Нембхард со 19 и шест асистенции. Тајрис Халибартон постигна само девет поени, но го предводеше остатокот од тимот со 14 асистенции. Тоа беше четврта победа во низа за Индијана, а четврти пораз по ред за Денвер.

Хјустон цврсто го држи второто место во Западната конференција, а тоа го потврди со вредната победа кај Голден Стејт од 106:96. Дилон Брукс постигна 24 поени за Хјустон, а Алперен Сенгун 19 со 14 скока и четири асистенции. Со шест тројки, Бади Хилд беше најдобар стрелец на Голден Стејт со 20 поени, додека Стивен Кари постигна само една „тројка“ од осум обиди за 33 минути на паркетот.

Дури седум играчи на Атланта постигнаа двоцифрен број поени во славјето на домашен терен против Јута Џез со 147:134, меѓу кои Онјек Оконгва постигна 27 коша со 12 скока и Трае Јанг 23 поени со 15 асистенции и пет скока.

Изненадување на вечерта е домашниот пораз од Кливленд Кавалирс, најдобриот тим во НБА. Сакраменто Конгс победија против Кавс со 120:113 по добро одработената трета четвртина која гостите ја добија со 35:22. Гостите ги предводеше разиграниот Зак Лавин со 37 поени и шут за „тројки“ 7-11. Демар Дерозан постигна 28 со седум асистенции, а Домантас Сабонис 27 со седум асистенции и девет скока. На домашен терен само Тај Џером постигна 20 или повеќе поени, 20 надвор од клупата.

Њујорк Никс ги победија Феникс Санс со 112:98, а најдобар играч на Никс повторно беше ОЏеј Ануноби, кој постигна 32 поени, од кои 19 во клучната трета четвртина. Феникс тоне се подлабоко и подлабоко на Запад, ова беше шести пораз по ред за клубот од Аризона. Карл-Ентони Таунс додаде 19 поени и 13 скока за Њујорк.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Чикаго 117:131
Бруклин – Торонто 109:120
Оклахома Сити – ЛА Лејкерс 99:126
Атланта – Јута 147:134
Бостон – Вашингтон 124:90
Кливленд – Сакраменто 113:120
Портланд – Сан Антонио 120:109
Њујорк – Феникс 112:98
Денвер – Индијана 120:125
Голден Стејт – Хјустон 96:106
Њу Орлеанс – Милвоки 107:111

ТАБЕЛИ:

Источна конференција

1. Кливленд Кавалирс 62 16
2. Бостон Селтикс 58 20
3. Њујорк Никс 50 28
4. Индијана Пејсерс 47 31
5. Милвоки Бакс 44 34
6. Детроит Пистонс 43 35
7. Орландо Меџик 38 40
8. Атланта Хокс 37 41
9. Чикаго Булс 36 42
10. Мајами Хит 35 43
11. Торонто Репторс 29 50
12. Бруклин Нетс 25 53
13. Филаделфија 76ерс 23 55
14. Шарлот Хорнетс 19 59
15. Вашингтон Визардс 17 61

Западна конференција

1. Оклахома Сити Тандер 64 14
2. Хјустон Рокетс 52 27
3. Лос Анџелес Лејкерс 48 30
4. Денвер Нагетс 47 32
5. Лос Анџелес Клиперс 46 32
6. Голден Стејт Вориорс 46 32
7. Минесота Тимбервулфс 46 32
8. Мемфис Гризлис 46 32
9. Сакраменто Кингс 38 40
10. Далас Маверикс 38 41
11. Феникс Санс 35 43
12. Портланд Трејл Блејзерс 35 44
13. Сан Антонио Спарс 32 46
14. Њу Орлеанс Пеликанс 21 57
15. Јута Џез 16 63