ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Палестински новинар убиен во израелски напад

Палестинскиот новинар Хелми ал-Факави беше убиен а девет други новинари беа ранети, некои се во критична состојба, во понеделникот кога израелски воен удар погоди шатор што го користат локалните медиуми во јужниот дел на Газа, соопштија лекарите и локалниот синдикат на новинари.

На снимката се гледаат луѓе кои се обидуваат да го изгаснат пламенот во шатор, во просториите на болницата „Насер“ во Кан Јунис, во раните утрински часови во понеделникот.

Агенијата Reuters успеа да го потврди видеото за локацијата, распоредот и дизајнот на блиските згради и шатори. Датумот може да се потврди со медиумски извештаи и видеа.

На видеата на сведоците кои се споделени на социјалните мрежи може да се види агонијата на новинарот кој е жив запален и уште еден човек кој се обидува да го спаси.

Во нападот е убиен уште еден Палестинец, соопштија медицинските лица од Газа.

Подоцна, десетици новинари и роднини учествуваа на погребот на Факави. Колегите го носеа неговото тело обвиени во бело положено на медицинска носилка, а одозгора беше поставен син панцир, кој го користат новинарите во зоните на вооружени конфликти.

„Ќе продолжиме да ја пренесуваме пораката и да ја пренесуваме вистината на целиот свет. Ова е наша хуманитарна должност“, рече колегата новинар Абд Шат, кој додаде дека нападот ги разбудил кога го нашле блискиот шатор на нивните колеги во пламен.

Според Синдикатот на палестинските новинари, со смртта на Факави, бројот на новинари убиени од страна на израелската војска во копнени и воздушни напади во Газа на повеќе од 210 е од октомври 2023 година.

На Западниот брег, другата палестинска енклава окупирана од Израел од 1967 година, палестинското Министерство за надворешни работи и иселеници ја осуди смртта на Факави како чин на „вонсудско убиство“ со цел да се заплашат новинарите и да се запре медиумското известување.

Локалните здравствени власти соопштија дека израелските воени напади во понеделникот убиле најмалку 20 Палестинци низ Појасот Газа.

Израел ја започна својата офанзива по нападот предводен од Хамас врз заедниците во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој според израелските податоци беа убиени 1.200 луѓе, а 251 лице беа земени како заложници.

Израелската армија убила 50.000 Палестинци во Газа, од кои многу жени и деца, во копнени и воздушни напади, според палестинските здравствени власти признати од ОН.

Израел целосно го опустоши Појасот Газа и го принуди речиси целото население од 2,4 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, оставајќи стотици илјади во шатори и импровизирани засолништа веќе неколкупати раселувани.