
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш вели дека Израел го прекршува меѓународното право со тоа што повеќе од еден месец не дозволува помошта да влезе во Газа.
-Газа стана полигон за убивање, изјави шефот на ОН, зборувајќи за влошената хуманитарна состојба.
Израел тврди дека нема недостиг од залихи во Газа и го обвинува Хамас дека хуманитарната помош ја користи за обнова на својата воена машинерија.