Доларот зајакна, нафтата поевтини

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во претпладневното тргување во четвртокот.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,20 поени.

Курсот на американскиот долар во однос на јапонската валута се лизна за 0,6 отсто, на 146,80 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0985 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,1045 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од прекуноќните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претплднево падна за 1,36 отсто, на 64,60 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,15 отсто, на 61,60 долари.