
Три први натпревара од четвртфиналните двомечи во Лига Европа завршија нерешено, а Лион и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2, Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт 1:1, а Ренџерс и Атлетик Билбао 0:0.
Во Лион домашните поведоа преку Алмада (25), а Јоро (45+5) и Циркзе (88) да направат резултатски пресврт, но Черки (90+5) во последната минута од судиското надополнување израмни на 2:2.
Ајнтрахт поведе во Лондон со голот на Екитике (6), а Поро (26) израмни на 1:1 со атрактивен погодок постигнат со петица.
Претходно во четвртокот, норвешки Бодо/Глимт оствари опиплива предност во првиот натпревар од нивниот четвртфинален натпревар во Лига Европа против Лацио од Рим со победа од 2:0 (0:0) на домашен терен. Двата гола за норвешкиот тим ги постигна Солтнес (47, 69).