
Американската војска ја смени командантката на воената база на Гренланд откако ја посети потпретседателот ЏејДи Венс, објаснувајќи дека нема да толерира поткопување на агендата на претседателот Доналд Трамп.
Пентагон не прецизираше што точно направила полковникот Сузан Мајерс, но таа беше сменета откако беше објавен мејл во кој таа ги доведува во прашање тврдењата на Венс изнесени за време на посетата на базата минатиот месец.
Венс тогаш ја обвини Данска дека не го штити Гренланд од „многу агресивните упади на Русија, Кина и други нации“.
„Не се осмелувам да кажам дека ја разбирам актуелната политика, но знам дека загриженоста на американската администрација за која разговараше потпретседателот Венс во петокот не се однесуваат на вселенската база Питуфик“, напишала Мајерс, според поратлот military.com.
Агенцијата Reuters наведува дека не можела да дојде до Мајерс за коментар.
Пентагон објави дека командантката на базата е сменета поради губење на довербата.
„Поткопувањето на синџирот на командување или агендата на претседателот Трамп нема да се толерира во Министерството за одбрана“, објави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел на X.
Трамп, повикувајќи се на амбициите на САД за контрола над најголемиот остров на светот кои датираат уште од пред век и половина, тврди дека е во безбедносен интерес на САД да ја преземат контролата врз островот, кој Данска го колонизирала во 1721 година и упавува со овој стратешки дел од Арктикот.