
Петар Богојески, лидерот на т.н. „Македонски концепт“, коалиционен партнер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус“.
Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска, соопшти самиот Богојески.
Интернет порталот Офф.Нет.мк, пак, објави собрани „дела“ на Богојески од неговата активност по социјалните мрежи.