
Реал Мадрид оствари важна победа на гостувањето кај Партизан во Белград од 91:89 со кош со звукот со сирената, во 34. коло, последното, од регуларниот дел од Евролигата.
Победата на Реал која му овозможува на „Кралскиот клуб“ да обезбеди директен пласман во плејофот без плејин, со кошто во последната секунда ја обезбеди центарот Валтер Таварес.
Реал со оваа победа скокна на сооднос 20-14 победи-порази, а дали тоа ќе биде доволно за влез во првите шест и избегнување на плејинот ќе се знае дури по натпреварите во петок на кои Анадолу Ефес игра против Жалгирис, а Барселона против Виртус од Болоња.
Таварес го заврши мечот со 14 коша, додека Џанан Муса беше најефикасен кај Реал со 15. Брендон Дејвис со 22 поени го предводеше Партизан, кој сезоната ја заврши со скор 16-18 и моментално е 12-ти на таелата.
Минхенски Баерн на домашен терен беше поразен од Фенербахче со 77:89 учествуваше На домашниот тим не му помогнаа 26-те коша на Карсен Едвардс, додека Најџел Хејс-Дејвис ги предводеше гостите со 24 поени, обезбедувајќи го второто место на табелата пред почетокот на плејофот.
Баерн оствари сооднос 19-15 и ќе мора да оди на плејинот, додека Фенербахче е втор на табелата со скор 23-11, Олимпијакос го обезбеди првото место со 24-10.
Лука Шаманиќ со 17 поени беше прв стрелец за Басконија во високиот пораз од 89:111 на гостувањето кај Емпорио Армани во Милано. Домашната екипа до победата ја предводеше Зак Ледеј со 32 коша.
За двете екипи тоа беше последен настап во Евролигата оваа сезона, Емпорио Армани заврши на 11-то место со израмент скор 17-17, а Басконија заврши на 14-то место со 14-20.
РЕЗУЛТАТИ
Четврток:
Асвел – Монако 78:83
Баерн – Фенербахче 77:89
Олимпијакос – Макаби Тел Авив 99:93
Партизан – Реал Мадрид 89:91
Емпорио Армани – Басконија 111:89
Париз – Алба Берлин 72:63
Петок:
Анадолу Ефес – Жалгирис
Панатинаикос – Црвена ѕвезда
Барселона – Виртус Болоња
ТАБЕЛА:
1. Олимпијакос 34 24 10 70,6%
2. Фенербахче 34 23 11 67,6%
3. Панатинаикос 33 21 12 63,6%
4. Монако 34 21 13 61,8%
5. Реал Мадрид 34 20 14 58,9%
6. Барселона 33 19 14 57,6%
7. Анадолу Ефес 33 19 14 57,6%
8. Париз 34 19 15 55,9%
9. Баерн 34 19 15 55,9%
10. Црвена ѕвезда 33 18 15 54,5%
11. Емпорио Армани 34 17 17 50,0%
12. Партизан 34 16 18 47,1%
13. Жалгирис 33 15 18 45,4%
14. Басконија 34 14 20 41,2%
15. Асвел 34 13 21 38,2%
16. Макаби Тел Авив 34 11 23 32,3%
17. Виртус Болоња 33 9 24 27,3%
18. Алба Берлин 34 5 29 14,7%