Трамп вели дека неговата царинска политика е добра и покрај критиките

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Соединетите држави се на вистинскиот пат и покрај острите критики за неговата царинска политика.

Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп тврдеше дека на САД добро им оди во меѓународната трговија.

„Навистина добро ни оди со нашата царинска политика. Многу возбудливо за Америка и светот!!! Брзо напредуваме“, напиша Трамп.

Засега тој не реагираше на новото кинеско зголемување на царините за американските стоки.

Кина најави дека ќе ги зголеми царините за американските стоки на 125 отсто. Вкупните царини наметнати од Трамп за Кина сега изнесуваат 145 отсто.

Американската влада објави дека преговара со неколку земји за трговската политика.