Втор ден од посетата на унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока

Унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока, кој од вчера е во посета на Македонија, денеска ќе одржи заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Орхан Муртезани. Прес-конференцијата е закажана во 10:15 часот.

Унгарскиот министер вчера во изјава за медиумите рече дека процесот на пристапување во Европската Унија треба да биде објективен и да се заснова на мерит критериуми.

– Република Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ. Се надевам дека постоечкиот билатерален спор со Бугарија ќе биде надминат што е можно поскоро, а Унгарија им стои на располагање на двете страни за да помогне во тоа, рече Бока.

Тој вчера одржа предавање на Универзитетот Скопје, во кое истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и дека се потребни промени за адаптација на новата реалност.