Иранско-американските нуклеарни преговори во Оман завршени по два часа

Нуклеарните преговори меѓу Иран и САД, одржани за да се запре ескалацијата на иранската нуклеарна програма, беа завршени по два часа во саботата во Оман, а може да продолжат најрано на 19-ти април, објавија иранските државни медиуми.

Разговорите во Мускат, главниот град на Оман, се одржаа во засебни простории со официјални лица од Оман кои им ги пренесуваа пораките на иранската и американската делегација.

Новинар на иранската новинска агенција Tasnim ја опиша атмосферата како позитивна.

Според извештаите на иранските државни медиуми, втората рунда разговори најверојатно ќе се одржи на 19-ти април за да се разговара за пошироката рамка на потенцијалниот договор, објави Reuters.

Оман, познат по својата дискретна улога како регионален посредник, јавно не го коментираше состанокот.

Иран беше претстаvuvan од министерот за надворешни работи Абас Арагчи, ветеран од нуклеарните преговори со глобалните сили од 2013 до 2015 година. Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф ја претставуваше администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Арагчи рече дека локацијата на следните преговори можеби нема да биде Оман, туку дека преговорите ќе се водат со посредство на Оман. „Ниту една страна не е заинтересирана за неплодни преговори, за преговори кои се губење време“, рече Арагчи.

Арагчи, исто така, рече дека Иран и САД се „многу блиску“ до договор за содржината на идните преговори.

„За време на денешниот состанок, мислам дека дојдовме доста блиску до основата за преговори“, изјави иранскиот министер за надворешни работи за државната телевизија. „Ако можеме да го финализираме ова на следниот состанок, ќе имаме поминато долг пат“, додал Арагчи, според AFP.

Техеран го опиша саботниот дијалог како „индиректен“, иако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде „директен“.

Трамп во март предложи преговори со Иран за нов нуклеарен договор, предупредувајќи за воена акција доколку Техеран не се согласи да ја ограничи својата контроверзна нуклеарна програма. По неколкудневно размислување, Техеран конечно го прифати дијалогот, делумно со надеж дека ќе ги укине разорните американски санкции кои се клучен фактор во тековните економски проблеми на Иран.

Трамп, кој ја врати политиката на „максимален притисок“ врз Техеран од февруари, го отфрли нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили и за време на неговиот прв мандат во 2018 година барајќи нов договор кој ќе ја вклучи и иранската ракетна програма повторно ги воведе строгите повеќедецениски санкции за Исламската Република.

Откако европските потписници на договорот од Виена се проклучија на американските санкции, Техеран постепено ги суспендираше своите обврски од нуклеарниот договор, во прв ред во поглед на ограничувањата на степенот и количеството на збогатен ураниум. Иранската нуклеарна програма оттогаш постигнала голем напредок, вклучително и збогатување ураниум до 60 проценти, со што се приближува до нивоата потребни за бомба, сметаат на западот.