Соборениот јужнокорејски претседател се врати во станот со своите 11 кучиња и мачки

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол се врати во петокот со својата сопруга и нивните 11 кучиња и мачки во станот во елитната населба во Сеул, во близина на обвинителството каде што отповиканиот челник работеше пред да влезе во политиката.

Јун и неговата сопруга Ким Кион Хи, позната по љубовта кон домашните миленици, започнуваат нов живот откако тој е отповикан поради неуспешниот обид да воведе вонредна состојба и беше отстранет од функцијата.

Под Јун, Јужна Кореја донесе закон со кој се забранува јадење и продажба на кучешко месо во земјата. Бројот на домашни миленици што ги поседуваат порасна од четири кучиња и три мачки на почетокот на неговото претседателствување до сега, меѓу другото, вклучително и еден ретривер кој е пензионирано службено куче кое Јун го посвои во 2022 година.

Станот на двојката од 164 квадратни метри се наоѓа во комплекс во елитната област „Гангнам“ јужно од реката Хан, а некои соседи изразија загриженост за враќањето на човекот кој толку ја поларизираше нацијата за време на неговиот мандат.

Околу 50 членови на претседателската безбедносна служба ќе бидат распоредени да ја чуваат двојката, која има право на заштита најмалку пет години, јавуваат јужнокорејските медиуми.

Трите кули од 37 ката кои го сочинуваат комплексот Акровиста се дом на повеќе од 750 домаќинства. Претходно, јужнокорејските претседатели се вселуваа во одвоени куќи кои обезбедуваа многу поголема приватност по напуштањето на функцијата.

Се верува дека безбедностниот аранжман во станбениот објект со мноштво станови бил една од причините поради којашто за една седмица е одложено новното враќање во сопствениот дом, каде што ќе живеат откакао Јун е сменет од функцијата.

Некои соседи се исто така загрижени дека нивниот комплекс ќе стане магнет за мноштвото поддржувачи и критичари кои двојката би можела да ги привлече, објавија локалните медиуми, иако други поставија транспарент за добредојде на влезот од зградата.

Јун рече дека морал да прогласи воена состојба за да предизвика тревога поради „немилосрдната опструкција“ на политичкиот процес од страна на неговите противници, што ја парализираше владата.

Комплексот Акровиста е изграден на местото на најголемата човечка катастрофа во земјата – уривањето на голема стоковна куќа во 1995 година, во која загинаа 502 луѓе, а речиси 1.000 други беа повредени.