ВИДЕО I Фантастичен гол на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо ја потврди својата класа во натпреварот помеѓу неговиот Ал Наср и Ал Ријад во 27. коло од првенството на Саудиска Арабија, натпревар на кој го предводеше својот тим до преврт победа од 2-1 и тоа со фантастичен гол кој долго ќе се врти по најавните шпици.

Селемани го отвори натпреварот со гол во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме за гостинска предност, но домаќините го имаа расположениот Кристијано Роналдо кој со два гола во 56. и 64. минута, непосредно пред голот и надвор од шестнаестникот приреди целосен пресвт вреден три поени за својот тим.

https://twitter.com/totalcristiano/status/1911138208760668193