
Седумкратниот светски шампион во Форумула 1, Михаел Шумахер, потпиша кацига што ќе се најде на аукција за добротворната организација на Џеки Стјуарт.
Британскоот издаение Daily Mail објави дека седумкратниот светски шампион ги напишал своите иницијали M.S. на кацигата со помош на неговата сопруга Корин. Семејството потоа ја потврди оваа информација за Reuters.
Кацигата ќе биде продадена на аукција за да се соберат пари за хуманитарната организација Race Against Dementia (Трка против деменција), која ја основаше трикратниот светски шампион во Формула 1, Џеки Стјуарт, откако на неговата сопруга Хелен ѝ беше дијагностицирана деменција.
Шумахер доживеа страшна несреќа на скијање на француските Алпи во декември 2013 година. Тој удри со главата во карпа и претрпе сериозно оштетување на мозокот.
Шумахер, кој сега има 56 години, оттогаш не е виден во јавноста, а само мал број посетители биле дозволени во семејната куќа во близина на Женевското езеро во Швајцарија, каде што добива 24-часовна медицинска нега.
„Прекрасно е што Михаел успеа да потпише шлем за оваа достојна цел – болест за која нема лек“, изјави Стјуарт за Daily Mail.
Кацигата беше изложена пред неделната трка за Големата награда на Бахреин.