
Вчера во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар на покрив од станбена зграда лоцирана на улицата „Никола Тесла“ во Струмица.
-Станарите биле безбедно евакуирани, пожарот бил изгаснат и повредени лица нема, информира МВР.
Увид на местото на настанот во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.