
Во последниот натпревар од неделното 32. коло на англискиот фудбалски шампионат, Њукасл Јунајтед го совлада Манчестер Јунајтед со убедливи 4:1 (1:1). Тонали (24) ги доведе домашните во водство, Гарначо (37) го израмни резултатот на 1:1, а во останатиот дел од натпреварот Барнс (49, 64) постигна два гола за водство на Њукасл на 3:1, а Бруно Гимараеш (77) го постави конечниот резултат.
Со оваа победа Њукасл скокна на четвртото место со 56 бодови и натпревар помалку, само бод повеќе од третопласираниот Нотингем Форест, еден бод помалку од петтопласираниот Манчестер Сити, а два помалку шестопласираниот Челзи и седмата Астон Вила.
Манчестер Јунајтед е само 15-ти со 38 бодови, исто толку колку и 13-топласираниот Евертон.
Фудбалерите на Ливерпул се доближија на чекор до освојување на 20-та шампионска титула во Англија со победата на домашен терен против Вест Хем Јунајтед со 2:1. Ливерпул во раниот дел од натпреварот поведе со голот на Дијаз (18), а тој резултат стоеше до самиот крај. Потоа Робертсон (86-автогол) со несмасна реакција пред сопствениот гол им донесе израмнување на гостите, но веднаш потоа Ван Дијк (89) со глава по корнер ја врати предноста на домашните.
На шест кола до крајот на шампионатот, Ливерпул има 13 бода повеќе од второпласираниот Арсенал и е на прагот да по 20-ти пат да триумфира во англиското првенство, со што би се израмнил со Манчестер Јунајтед, кој моментално е рекордер според титулите.
Вест Хем е 17-ти со 35 бодови, 14 повеќе од 18-то место Ипсвич Таун, кој е во зоната за испаѓање.
Лондонските клубови Челзи и Тотенхем претрпеа дополнителни неуспеси, а Челзи ремизираше само 2:2 дома со Ипсвич, додека Тотенхем загуби со 2:4 на гостувањето кај Вулверхемптон. Челзи е петти со 54 бодови, еден помалку од четвртопласираниот Манчестер Сити и се изедначи со шестопласираната Астон Вила, додека Тотенхем е 15-ти со 37 бодови.