ВИДЕО I Навивачите на Лејкерс загрижени по повредата на Леброн, иако Дончиќ доминираше

Кошаркарите на ЛА Лејкерс забележаа нова победа, совладуваќи го Хјустон со преубедливи 140-109. Победата која ја одбележа доминацијата на Лука Дончиќ кој постигна 39 поени го осигра третото место на табелата во пресрет плеј-офот, но навивачите имаат причина за загриженост бидејќи се повреди Леброн Џејмс.

Фантастичниот американски кошаркар одигра само 22 минути на натпреварот по што мораше да излезе од игра поради повреда на препони во третата четвртина.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1910907227231093135

Засега нема детални информации за каква повреда станува збор. Загриженоста е поголема бидејќи Џејмс заработи повреда без контакт, но пак остана на клупата за резерви до крајот на средбата и не замина во соблекувалната.