
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека челниците на Кина и Виетнам се состанале за да смислат како да им наштетат на Соединетите држави, но дека тој не им забележува за тоа.
„Не ја обвинувам Кина, не го обвинувам Виетнам“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во понеделникот повика на посилни врски со Виетнам во трговијата и синџирите на снабдување во време на нарушувањата на глобалната трговија поради американските царини.
Неговата посета на Виетнам доаѓа во времето кога Пекинг се соочува со американски царини од 145 отсто, а Виетнам преговара за намалување на најавените американски увозни тарифи од 46 отсто, кои треба да стапат на сила во јули по глобалниот мораториум.
Откако Си се сретна со виетнамскиот лидер То Лам, двете земји потпишаа десетици договори за соработка, вклучително и договори за подобрување на синџирите на снабдување и за соаботка во железницата, пренесува Reuters.
Кинеските и виетнамските државни медиуми објавија дека се потпишани 45 договори. Содржината на договорите не е откриена и не е јасно дали тие вклучуваат финансиски или обврзувачки договори.