
апитенот на Реал Мадрид и Хрватска, 39-годишниот Лука Модриќ се подготвува да преземе малцински удел во фудбалскиот клуб Свонси Сити, кој се натпреварува во англиската втора лига, објавија во понеделникот британските медиуми BBC и The Sun.
Играчот од средниот ред, чиј договор со Реал Мадрид истекува за два ипол месецa, ќе им се придружи на Енди Колман, Брет Крават, Најџел Морис и Џејсон Коен меѓу сопственичката група.
Оваа групација ги купи акциите на поранешните мнозински сопственици Џејсон Левијен и Стив Каплан во ноември. Медиумите не објавија колкав сопственички удел ќе има Модриќ во велшкиот клуб или колку пари ќе плати за тоа. Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид во понеделникот бил недостапен за коментар.
Ова ќе биде првиот сопственички удел на Модриќ во еден клуб. Во Мадрид, каде што живее од август 2012 година, вложил пари во недвижен имот. Од 2008 до 2012 година играше за Тотенхем во Лондон.
Свонси Сити се наоѓа на 12-то место меѓу 22-те клуба во англиската втора лига. Тимот забележа загуба од 15,2 милиони фунти во последната финансиска година.